април 26, 2025

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка на ден 26.04.2025 година реализира едукативна посета од страна на 6 волонтери во градинката „Детелинка“, каде волонтерите преку интерактивен пристап ги запознаа децата со основните принципи на личната хигиена.

Со делење на едукативни флаери и практични демонстрации, волонтерите им покажаа на најмладите како правилно и темелно да ги мијат рацете – важна навика за заштита на сопственото и колективното здравје.

Преку игра, разговор и практични примери, децата учеа колку е важна хигиената во секојдневниот живот.

Tags: , ,
< врати се назад