Физичката активност – важен дел од активното стареење
Во Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење – Црвен крст Крива Паланка, редовно се реализираат физички вежби наменети за корисниците на Центарот, под водство на Ирена Белешковска, интернационален експерт за „Спорт за развој“.
Преку организирани физички активности, корисниците имаат можност да ја подобрат својата подвижност, да ја одржуваат физичката кондиција и виталноста, како и да придонесат за унапредување на своето здравје и психофизичка благосостојба. Вежбите се приспособени на можностите и потребите на повозрасните лица, поттикнувајќи ги активно да се вклучуваат во секојдневните активности.
Со овие активности, Црвениот крст продолжува да промовира здрави животни навики, активно стареење и подобар квалитет на живот кај повозрасните лица, создавајќи можности за дружење, раздвижување и одржување на позитивниот дух.
Движењето е здравје, а секој активен ден е чекор кон подобар и поквалитетен живот!

< врати се назад










































