Генералка викенд 2026 – Заедно за почиста животна средина
На 8 мај 2026 година, во рамките на националната еколошка акција „Generalka Weekend“, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка активно се вклучи во реализацијата на активностите на две локации – Општина Крива Паланка и Општина Ранковце.
Во акцијата учество зедоа негувателите на Црвен крст, кои со својата посветеност и ангажираност придонесоа кон создавање почиста и поздрава животна средина. Нивното учество претставува уште еден пример за општествената одговорност и хуманите вредности што Црвениот крст ги негува и промовира.
Со заеднички труд и активна вклученост, испраќаме силна порака дека секој придонес е значаен и дека грижата за животната средина е заедничка одговорност на сите нас.


< врати се назад










































