септември 23, 2026
79 крвни единици – 79 хумани приказни
На ден 22.09.2026 година, во НУ Центар за култура Крива Паланка, се одржа уште една успешна крводарителска акција, исполнета со солидарност, хуманост и прекрасна енергија. Акцијата е завршена со 79 крвни единици, од кои 17 дарители се жени, и 62 дарители се мажи.
Зад овие бројки стојат 79 луѓе, 79 хумани одлуки и 79 причини да веруваме дека солидарноста и човечноста сè уште се најсилната врска меѓу нас.
Благодарност до сите крводарители!❤️


















































