Крводарителска акција по повод 20 Мај – Денот на пожарникарите
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, на 20 мај 2025 година, по повод Денот на пожарникарите, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, успешно реализира крводарителска акција, со која уште еднаш се потврди значењето на хуманоста, солидарноста и доброволното крводарување.
Aкцијата се одржа во просториите на ТППЕ Крива Паланка, каде се собрани 101 крвна единица, благодарение на несебичниот одѕив на крводарителите. Од вкупниот број дарители, 82 се мажи, а 19 жени.
Црвен крст упатува искрена благодарност до сите крводарители кои со својата хуманост и подготвеност да помогнат придонесоа за обезбедување доволни резерви на крв и за спасување човечки животи.
Вашата солидарност претставува највисок израз на општествена одговорност и инспирација за сите граѓани да се приклучат кон доброволното крводарителство.



< врати се назад










































