мај 20, 2026

Настап за промоција на кандидат за претседател на ООЦК Крива Паланка

На 20 мај 2026 година, во салата на ООЦК Крива Паланка се одржа јавен настап за претставување на четиригодишната Програма за работа на кандидатот за претседател на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка за мандатниот период 2026–2030 година.

Пред присутните беа презентирани визијата, стратешките приоритети и планираните активности насочени кон понатамошно унапредување на работата на организацијата, јакнење на волонтеризмот, развој на хуманитарните програми и зацврстување на улогата на ООЦК Крива Паланка како активен и препознатлив чинител во заедницата.

Во рамки на настанот беше реализирана и отворена, конструктивна дискусија, на која присутните имаа можност да дадат свои предлози и мислења во насока на креирање современи и одржливи решенија за идниот развој на организацијата.

На промотивниот настан присуствуваа претставници на Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија, членови, волонтери, поддржувачи и соработници на организацијата, кои со своето присуство дадоа значајна поддршка на изборниот процес.

На кандидатот му беа упатени искрени желби за успешен изборен процес, како и за успешно реализирање на идните активности, со уверување дека новите идеи, посветеноста и заедничката работа ќе придонесат за понатамошен развој и јакнење на ООЦК Крива Паланка во интерес на заедницата и хуманите вредности.

Tags: , ,
< врати се назад