април 23, 2026
Oдржано Годишно собрание на Црвен крст – Општинска организација Крива Паланка
На 23 април 2026 година се одржа Годишното собрание на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка, на кое беа донесени значајни одлуки за понатамошното функционирање и развој на организацијата.
На Собранието беа донесени ставките:
- новиот Статут на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка;
- потврдени Програмата за работа и Финансискиот план за 2026 година;
- усвоени Годишниот извештај за работа и Финансискиот извештај за 2025 година.
Со донесените одлуки, организацијата ја потврдува својата посветеност на транспарентно, одговорно и ефикасно работење, во насока на унапредување на хуманитарните активности и услугите за граѓаните.

< врати се назад










































