април 29, 2026

Општински натпревар по „Прва помош во урбана средина“

На 29 април 2026 година, Општинската организација на Црвен крст успешно го реализираше Општинскиот натпревар по „Прва помош во урбана средина“, кој се одржа во просториите на ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ – Партизан.

На натпреварот учествуваа шест екипи, распределени во категориите подмладок и младина, кои преку реалистични симулации и практични задачи ги демонстрираа своите знаења и вештини за правилно укажување прва помош, навремена и безбедна интервенција, како и тимска работа во услови на итни ситуации.

Покрај натпреварувачкиот дел, за учесниците и посетителите беа организирани и едукативно катче за дисеминација, забавно катче и катче за освежување, со цел збогатување на програмата и промоција на хуманите вредности и активностите на Црвен крст.

Постигнати резултати

Категорија – Подмладок

  • 🥇 ООУ „Св. Јоаким Крчовски“
  • 🥈 ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“
  • 🥉 ООУ „Илинден“

Категорија – Младина

  • 🥇 Екипа 1 – СОУ „Ѓорче Петров“
  • 🥈 Екипа 3 – СОУ „Ѓорче Петров“
  • 🥉 Екипа 2 – СОУ „Ѓорче Петров“

Општинската организација на Црвен крст упатува искрени честитки до победничките екипи, како и благодарност до сите натпреварувачи, ментори, судии, волонтери и соработници кои придонесоа за успешната организација и реализација на натпреварот.

Натпреварите по прва помош претставуваат значаен сегмент од едукативните активности на Црвен крст, бидејќи придонесуваат за развивање на знаења, практични вештини и чувство на хуманост, солидарност и одговорност кај младите. Со ваквите активности се промовираме важноста на првата помош и се поттикнува подготвеност за навремено и правилно реагирање во итни ситуации.

Tags: , ,
< врати се назад