август 11, 2026
Дополнителна летна акција – Хуманоста нема сезона
На 05.08.2026 година, во просториите на Црвен крст Крива Паланка, успешно беше реализирана дополнителна летна крводарителска акција. И покрај летниот период и високите температури, акцијата беше одбележана со одличен одзив на хуманите граѓани, кои уште еднаш покажаа дека хуманоста нема сезона. Во акцијата беа собрани вкупно 40 крвни единици, од кои:
28 крводарители мажи, 12 крводарители жени и 2 крводарители кои за првпат даруваа крв, со што станаа дел од хуманото семејство и ја продолжија традицијата на солидарност. Искажуваме искрена благодарност до сите крводарители за нивната хуманост, несебичност и подготвеност да помогнат.














































