јуни 11, 2026

Успешно реализирана крводарителска акција во НУ Центар за култура – Крива Паланка

На 11 јуни 2026 година, Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка успешно ја реализираше редовната крводарителска акција, уште еднаш потврдувајќи дека хуманоста и солидарноста се темелни вредности на нашата заедница.

Акцијата беше реализирана во соработка со НУ Центар за култура – Крива Паланка, на која искрено ѝ благодариме за поддршката, гостопримството и успешната заедничка организација. Заедничките хумани иницијативи се најдобар пример дека преку партнерство можеме да постигнеме значајни резултати во интерес на заедницата.

Благодарение на хуманоста и несебичноста на крводарителите, за време на акцијата беа собрани 101 крвна единица, кои ќе придонесат за спасување и подобрување на многу човечки животи.

Упатуваме искрена благодарност до сите крводарители кои со својот хуман чин уште еднаш покажаа дека дарувањето крв е највредниот подарок што може да се подари – подарок што значи живот.

Tags: , ,
< врати се назад