Волонтерите на Црвениот крст со поддршка на отворањето на адреналинскиот парк на Калин Камен
Во пресрет на роденденот на градот Крива Паланка, на Калин Камен на ден 07.10..2026 година беше отворен новиот адреналински парк – уште едно место за авантура, дружење, забава и создавање незаборавни спомени за најмладите.
Во реализацијата на настанот, свој придонес дадоа и волонтерите на Црвениот крст Општинска организација Крива Паланка , кои беа ангажирани за обезбедување логистичка поддршка и помош при организацијата. Волонтерите учествуваа и во поделбата на пакетчиња и оброци за присутните ученици, кои на настанот беа придружувани од своите наставници.
Со својата ангажираност, хуманост и подготвеност за помош, волонтерите уште еднаш ја потврдија важната улога на Црвениот крст во поддршката на локалната заедница и во создавањето убави моменти за децата и младите.
Црвениот крст останува посветен на промовирање на волонтерството, солидарноста и заедништвото, придонесувајќи за поубава, похумана и посреќна заедница.







< врати се назад










































